Речиси сите членови на американскиот Генералштаб се ставени во самоизолација, откако вториот човек на Крајбрежната стража објавил дека е позитивен на корона вирусот.

По состанокот на американскиот воен врв во Пентагон, адмиралот Чарлс Реј бил тестиран за Ковид-19 и добил позитивни резултати.

Висок воен претставник, кој побарал да остане анонимен, нагласил дека речиси целиот состав на Генералштабот бил тестиран на корона вирус од претплазливост, но сите, освен адмиралот Реј биле негативни и продолжиле со своите должности.

Во меѓувреме, Белата куќа соопшти дека зголемениот број на заразени со Ковид-19 меѓу претставници на американската администрација, не го загрозува функционирањето на Владата на САД.

Освен адмиралот Реј, нема други високи воени претставници кои се заразени со корона вирус. Борбената готовност и подготвеност на американските вооружени сили се непроменети – истакна претставникот на Пентагон, Џонатан Хофман.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.