Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во вторник ќе отпатува во Москва во посета на рускиот претседател, Владимир Путин, соопшти официјален Кремљ.

Гутереш ќе има и работен ручек со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Портпаролот на првиот човек на ОН, соопшти дека Гутереш се надева оти неговата посета ќе придонесе за постигнување мир. Од ОН наведуваат и дека се во контакт со официјални украински претставници за можна посета на Киев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.