Франција ја тресе најсилниот политички земјотрес во последните неколку години откако група од 20 пензионирани воени генерали потпишаа отворено писмо во кое ја повикуваат армијата да изврши воен удар и да го симне од власт претседателот Емануел Макрон! Уште 80 поранешни високи офицери се приклучија на групата пензионирани генерали, што дополнително му дава тежина на отвореното писмо.

Тие наведуваат дека претседателот на Франција, Емануел Макрон, не може да го запре распадот на земјата, што го спроведуваат исламистите. Писмото е објавено во десничарскиот магазин „Валер актуел“ и во него отворено се повикува армијата да изврши воен удар со цел да се спречи граѓанска војна во Франција.

Писмото беше остро осудено од владата на Макрон, споредувајќи го со неуспешниот воен удар што генералите го пробаа пред 60 години против тогашниот претседател Шарл де Гол. Од друга страна, Марин Ле Пен, водачот на десничарската Национална алијанса, ги пофали наводите од писмото. На претседателските избори следната година се очекува жестока пресметка меѓу Макрон и Ле Пен, која според последните анкети на јавното мислење има поголема поддршка од јавноста.

Меѓу потписниците на писмото е и Кристијан Пикемал (80), генерал во пензија, поранешен командант на Легијата на странци, една од најпознатите воени единици во светот. Тој ги загуби своите почести како пензиониран генерал откако беше уапсен за учество во антиисламски демонстрации во 2016 година. Писмото го потпишаа повеќе од 1.000 поранешни воени функционери, пренесе „Дејли меил“.

Франција е во опасност

„Франција е во опасност. Неколку смртни закани и се закануваат. Дури и во пензија, ние остануваме француски војници и не можеме да останеме рамнодушни на судбината на нашата прекрасна земја во сегашните околности. Распаѓањето на земјата се состои од исламски орди од предградијата, кои одвојуваат големи делови од нацијата и ги претвораат во територија подложена на догми спротивни на нашиот устав“, се вели во писмото, меѓу другото.

Макрон беше мета и на брутална реакција на полицијата за време на протестот на „жолтите елеци“. „Ако ништо не се стори, земјата ќе експлодира во граѓанска војна, што ќе доведе до смрт на илјадници луѓе“, се вели во писмото.

Поранешните генерали велат дека се подготвени да поддржат политичар кој ќе се фокусира на безбедноста на нацијата.

„Битка над сите битки“ – Поддршка од Марин ле Пен

Марин Ле Пен испрати порака до пензионираните генерали во која им дава целосна поддршка: „Ве поканувам да се вклучите во започнатата битка и во битката што е над сите битки, битката за Франција. Како граѓанин и како жена политичарка, го споделувам вашето страдање“, рече Марин Ле Пен.

Таа особено го потенцираше случајот со патриотот генерал Пјер де Вилер, поранешен началник на Генералштабот, кого Макрон го отпушти во 2017 година, откако тој јавно го критикуваше претседателот за намалување на средствата за армијата.

Ова е прв пат од создавањето на петтата република претседателот да го смени началникот на генералштабот.

Факти

– Според уставот, претседателот на Франција е врховен командант на вооружените сили

– Околу пет милиони муслимани живеат во Франција и тоа е најголемото малцинство во Западна Европа

– Повеќето муслимани во Франција потекнуваат од поранешни колонии, претежно од Алжир

– Националниот сојуз потекнува од Националниот фронт, кој беше основан од таткото на Марин Ле Пен

– Жан-Мари Ле Пен е осуден антисемит и исламофоб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.