Официјалниот претставник на руското министерство за одбрана, генерал-мајор, Игор Конапенков, на редовниот брифинг соопшти дека руските сили собориле украински авион Сухој СУ-25 во регионот Харков.

Конашенков додаде дека единиците на Народната милиција на Доњецката Народна Република (ДНР), со поддршка на вооружените сили на Руската Федерација, го завршиле расчистувањето на Попасна и стигнаа до административната граница на републиката.

Како резултат на офанзивата кај Попасна, елиминирани се до 120 милитанти – изјави Конашенков.

Тој додаде дека руската авијација во текот на ноќта погодила 16 области на концентрација на жива сила и воена опрема на вооружените сили на Украина.

Руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта соборија три украински беспилотни летала и пресретнале ракета „Точка-У“ над територијата на ДНР.

 

Во ракетните напади на Вооружените сили на Русија беа погодени пет складишта за муниција и 33 командни пунктови на вооружените сили на Украина, при што се елиминирани до 380 милитанти – наведе генерал Конаенков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.