Фунтата се зголеми во однос на доларот денеска, поттикната главно од напорите на инвеститорите да го заработат профитот и растот на приносите на британските обврзници, но трговците останаа нервозни за пошироките импликации од рекордниот пад на британската валута во понеделникот.

Како што доларот поевтини, фунтата порасна за 1,0 отсто во Азија на 1,0805 долари и за речиси 5,0 отсто повеќе од вчерашното ниско ниво од 1,0327 долари.

Еврото порасна за 0,5 отсто на 0,9651 долари, закрепнувајќи се од најниското ниво во последните две децении од 0,9528 долари, на кое падна под притисок на енергетската криза и новите ризици од ескалација на војната во Украина, објави Ројтерс.

Новозеландскиот долар, исто така, порасна за 1,0 отсто во однос на американската валута, што е негова прва добивка по седум сесии, а австралискиот долар порасна за 0,7 отсто.

Индексот на американскиот долар, кој ја мери зелената банкнота во однос на кошницата од шест ривали, денеска падна на 113,51 поен од 20-годишниот максимум од 114,58 поени, постигнат во понеделникот.

Минатата недела Јапонија интервенираше на девизниот пазар за првпат по децении за да го поддржи слабеењето на јенот, што засега беше доволно да го спречи натамошниот пад на домашната валута. Според последните податоци од пазарот, јенот утрово се тргуваше по цена од 144,41 јени за долар.

Кинескиот јуан, кој во понеделникот потона на најниското ниво во последните две и пол години, денеска се стабилизира на 7,1589 јуани за долар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.