Неколку напаѓачи фрлиле молотов коктел кон германскиот институт за инфективни болести Роберт Кох во Берлин, предизвикувајќи мала штета на зградата, соопшти денеска полицијата.

Инцидентот се случил во текот на ноќта, а стражарите во институтот, кој ја советува владата за мерките за јавно здравје за сузбивање на пандемијата на коронарниот вирус, биле сведоци на нападот, пренесува Ројтерс.

Според полициското соопштение, напаѓачите, кои не биле фатени, искршиле прозорец на зградата. Никој не  бил повреден.

Берлинската полиција истражува дали нападот бил политички мотивиран, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.