Штрајкот против пензиската реформа во Франција продолжи и денеска, 19-ти ден по ред, откако накратко беше блокиран сообраќајот на линијата 1 од париското метро – една од двете автоматски линии, јави дописникот на МИА од Франција.

Штрајкувачите најавија дека нема да се откажат дури и за време на Божиќните празници, така што јавниот сообраќај се уште е значително нарушен.

Во Франција, околу 40 проценти од брзите возови (ТГВ) и само 20 проценти од приградските возови околу Париз работат во моментот.

– Правото на штрајк, не е право на инвазија, блокирање, заплашување на патниците, реагираше министерката за еколошка транзиција, Елизабет Борн.
-Секојдневниот живот на оние што треба да се движат е веќе доволно тежок за  да се подложат на такви неприфатливи акции, кои ги осудувам, додаде таа на својот профил на Твитер.

Ситуацијата нема да се подобри дури и утре на Бадник, кога железничкиот сообраќај постепено ќе престанува со работа во областа на Париз од 18.00 до среда попладне, на Божик

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.