Еден од водечките лекари во Франција предупреди дека земјата ќе се соочи со повеќемесечна епидемија на корона вирусот што ќе го преплави здравствениот систем ако нешто не се промени.

Вториот бран доаѓа побрзо отколку што мислевме – изјави Патрик Буе, шеф на Националниот совет на лекарската комора, за весникот „Журнал ду Диманш“.

Новите мерки за забавување на ширењето на заразата во најтешко погодените области на земјата, вклучувајќи ги медитеранскиот град Марсеј и регионот Париз, наидоа на локален отпор. Буе за весникот вели дека предупредувањата издадени од министерот за здравство Оливие Веран оваа недела не се доволни.

Тој не рече дека за три до четири недели, ако ништо не се промени, Франција ќе се соочи со широко распространета епидемија на целата територија, во текот на неколку долги есенски и зимски месеци. Нема да има доволно медицински персонал за зајакнување и францускиот здравствен систем нема да може да ги исполни сите барања што ќе бидат пред него. Здравствените работници одговорни за пролетното „чудо“ не можат да ги пополнат тие празнини бидејќи многу од нив се исцрпени и трауматизирани – нагласува Буе.

Француската здравствена служба во минатото деноноќие регистрира 14.412 нови случаи, што е нешто помалку од рекордните 16.000 регистрирани во четвртокот и петокот. Но, во изминатите седум дена хоспитализирани се 4.102 лица, од кои 763 се на интензивна нега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.