Францускиот премиер Жан Кастекс ги повика Французите да се вакцинираат против корона вирусот, истакнувајќи дека се помалку луѓе се пријавуваат за вакцинација во летниот период.

Ние вакцинираме 200.000 луѓе на ден со првата доза. Тоа не е доволно, се справувавме многу подобро и треба да направиме уште подобро – изјави Кастекс за време на посетата на југозападна Франција, каде што 70 проценти од сите нови случаи се заразени со новата варијанта на вирусот – Делта.

Владата бара 35 милиони луѓе да бидат целосно вакцинирани со две дози до крајот на август, односно повеќе од половина од француското население, во споредба со сегашните 28 проценти.

Кастекс, изјави и дека регионалните власти можеби ќе треба да ја одложат следната фаза на релаксирани ограничувања за социјална дистанца, што е планирано да почне на 1 јули, вклучително и укинување на ограничувањата за капацитетот во повеќето затворени простории и за концерти на отворено или спортски настани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.