Францускиот Парламент треба да го усвои Законот за клима, кој Владата го смета за еколошка пресвртница. Во меѓувреме, додека невладините организации и некои експерти го критикуваа законот, поради, како што истакнуваат, недостаток на амбиции.

Двата дома на Парламентот ќе гласаат попладнево за законот, а текстот е составен од експерти и политичари, но и од граѓани.

Група од 150 граѓани беа избрани со жрепка, кои предложија некои од мерките за борба против климатските промени.

Сепак, многу невладини организации сметаат дека текстот на законот е „премногу благ“ и се организираа протести во последните месеци, а за денеска е најавен митинг пред зградата на Парламентот.

Целта на предлог-законот „Клима и прилагодливост“ е да се постигне „намалување на штетните емисии на гасови со ефект на стаклена градина“ за 40 проценти до 2030 година.

Законот треба да ја „воведе екологија во срцето на францускиот модел“, односно да пробие во сите сфери на јавниот живот – училишта, јавни служби, правда, урбанизам и сообраќај, соопшти Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.