Откако Марсеј беа заострени мерките за борба против ширење на Ковид-19, француски владин советник предупреди дека во ноември Франција може да ја погоди втор бран на корона вирусот.

Постојат основани стравувања за втор бран во ноември – смета професорот Жан Франсоа Делфраис, кој раководи со научниот совет што ја советува владата по прашањата за пандемијата.

Властите во Марсеј донесоа одлука за баровите и рестораните да имаат пократко работно времe, а исто така го продолжија и задолжителното носење маски во јужниот пристанишен град од 26 август до 30 септември.

Според новите мерки, баровите и рестораните во Марсеј ќе треба да бидат затворени помеѓу 11 навечер и 6 часот наутро, додека претходно нормалното време на затворање беше на полноќ или 1 часот.

Носењето маски отсега ќе биде задолжително на отворени јавни места во сите делови на градот, додека претходно тоа беше задолжително само во некои области.

Франција ја има седмата највисока стапка на смртност од Ковид-19 во светот, а владата внимателно ги следи бројките за да види дали се потребни нови мерки или карантин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.