Владата во Франција се надева дека „враќањето во нормалниот живот ќе биде можно кон средината на април“, дури и ако во меѓувреме има  „тешки недели“. 

Враќањето кон нормалниот живот е на повидок, местата што го сочинуваат нашиот социјален живот повторно ќе се отворат, тоа е хоризонт на крајот од тунелот што мора да го имаме во предвид, благодарение на вакцинацијата. Ова е се поблизок хоризонт: се надеваме, од средината на април, за што се подготвуваме – изјави портпаролот на Владата, Габриел Атал, по Советот на министри, осврнувајќи се на мерките и протоколите што можат да дозволат земјата да се отвори претпазливо, но сигурно во блиска иднина .

Францускиот претседател Емануел Макрон попладнево треба да одржи состанок со шефот на владата и неколку министри за мерките што треба да се направат за да се овозможи претстојното повторно отворање на земјата.

Владата сака да им даде перспектива на Французите кои се уморни од мерките за ограничување, но признава дека ситуацијата, засега, останува загрижувачка и дека може да бидат потребни дополнителни мерки.

Тоа не е експлозија, не е експоненцијално зголемување, но тоа е континуиран раст на позитивните случаи. Овие податоци, исто така, не учат дека доколку вирусот циркулира многу активно низ целата територија, цела Франција не е подеднакво погодена: постои хетерогена ситуација која очигледно повикува на диференциран одговор во дваесетина департамени поради„ особено загрижувачката ситуација – објасни портпаролот.

Премиерот Жан Кастекс утре треба да одржи прес-конференција на која треба да бидат објавени новите ограничувачки мерки, една недела по идентификувањето на дваесет департамни под зголемен надзор.

Ние спроведуваме консултации со локалните и со регионалните избрани раководители, за да може да се преземат дополнителни мерки. Доколку се покажат за неопходни, тоа ќе се случи што е можно поскоро – подвлече Атал

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.