Минатиот викенд беше одбележана една година од почетокот на протестите на жолтите елеци во Франција. Меѓу бројните новинари кои ги следеле случувањата на улиците во Париз бил и Жилијен, кој во разговор за РТ раскажува за солзавецот бомба кој го погодил за време на протестите на жолтите елеци.

Жилијен вели дека не постои оправдување за полицијата која користи борбени сретства и вели дека на почетокот се течело мирно, но работите брзо излегле од контрола кога меѓу демонстрантите упаднала група на луѓе во црна облека.

Тоа беше вистински неред. Некои сцени личеа на урбана герилска војна, се потсетил подоцна Жилијен.

Демонстрантите ги блокирале патиштата, правеле барикади и фрлале цигли и Молотови коктели на полицијата. Жилијен останал во групата, снимајќи се околу себе со камера, а во еден момент забележал дека полицијата дошла во состојба на паника.

Одговорија со солзавец бомби, пукаа во луѓето неселективно, вели тој.

Тоа што понатаму се случило изгледало како на забавена сцена од воен филм, пренесува “RT”. Една граната паднала во близина на Жилијен, друга на три до пет метри од него, испуштајќи густ бел чад во воздухот.

Тогаш ме удри гранатата во лице. Експлодираше точно пред мојата гас-маска и го проби заштитниот визир од плексиглас. Почувствував силен удар во носот. После тоа слушнав како гранатата експлодира, раскажаува Жилијен.

Шокот, болката и горењето биле неподносливи и тој инстинктивно ја тргнал својата камера и се обидел да побегне, но по неколку метри беспомошно паднал на улицата. Носот и горната усна на Жилијен се уништени од експлозивната граната солзавец GLI-F4 од француско потекло.  Демонстрантите го одвеле на безбедно, кога дошла итната помош, која констатирала дека му е скршен носот, па бил одведен во болница заедно со други демонстранти.

Да немав маска преку лицето, немаше да се извлечам вака лесно, вели тој. Лекарот му рекол дека повредите на лицето ќе му поминат за една недела.

Жилијен вели дека ќе поднесе пријава против полицијата поради однесувањето, не верува дека правдата ќе биде задоволена, но ќе продолжи да се бори се додека гранатата GLI-F4 не биде отстранета од полицискиот арсенал.

Тие можат сериозно да ги повредат демонстрантите и не сум сигурен дека нивната употреба е оправдана, бидејќи се всушност борбено средство, заклучува новинарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.