Патниците од Бразил, Аргентина и Јужна Африка, треба да се самоизолираат 10 дена по нивното пристигнување на француска територија, во случај на непочитување на карантинот предвидена е парична казна од 1.500 евра, јави дописникот на МИА.

Ќе има казни, тоа ќе биде казна од петта класа, која мислам дека е 1.500 евра и 3.000 евра во случај на повторен прекршок, што ми се чини дека е доста обесхрабрувачки и исклучително строга рамка, рече владиниот портпарол Габриел Атал на радиото Европа 1.

Атал наведе дека кога некое лице ќе пристигне, место да бара самоизолација, ќе има обврска да се изолира, со номинативен префектурен декрет што ќе биде издаден, со име и презиме, за период од десет дена, и ќе има проверки од полицијата, од жандармеријата, што ќе овозможи да се потврди дали навистина сте на местото каде што мора да се изолирате, потврди тој.

Француската Влада во саботата соопшти дека ќе воспостави задолжителен десетдневен карантин за патниците од Бразил, Аргентина, Чиле и Јужна Африка, поради загриженоста за мутациите на Ковид-19.

Воздушните врски со Бразил се прекинати заклучно со овој петок, но се одржуваат со Аргентина, Чиле и Јужна Африка, каде според Париз, присуството на варијанти не ги достигнува „нивоата забележани во Бразил“.

Патниците од овие три земји, како и од Бразил, сега ќе мора да претрпат 10-дневна изолација, придружена со ограничување на времето за излез, со зголемени казни.

Мерката постепено ќе се спроведува до нејзиното целосно влегување во сила во сабота на 24 април и ќе важи и за патниците од Гвајана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.