Саудиецот приведен во Париз во врска со убиството на саудискиот новинар и дисидент Џамал Кашоги во декември 2018 година, имал исто име со осомничениот откако било утврдено дека станува збор за замена на идентитетот, пренесува дневниот весник Le Figaro.

Повикувајќи се на обвинителот на Париз, Ремо Ејитс, агенцијата AFP премесува дека приведениот веќе е пуштен на слобода.

Обвинителот потврдил дека мажот бил приведен „врз основа на меѓународна потерница издадена од турските правосудни власти на 5-ти ноември 2018 година во врска со убиството на новинарот Кашоги.

Внимателната проверка на идентитетот на ова лице овозможи да биде утврдено дека потерницата не се однесува на него. Во врска со тоа тој беше ослободен, истакнал Ејитс.

Во вторникот радиостаницата RTL објави дека на парискиот аеродром „Шарл де Гол-Росаи“ е уапсен 33-годишниот државјанин на Саудиска Арабија, Калед Ид ал-Отаиби во врска со убиството на Џамал Кашоги. Тоа име е исто како и на поренашниот припадник на саудиската Кралска града кој е опфатен со американски и британски санкции и се споменува во извештајот на Обединетите нации во врска со убиството на Кашоги во Истанбул.

Амбасадата на Саудиска Арабија во Париз, пак, побара итно ослободување на нивниот државјанин. Во објавата објавена од амбсадата ноќта кон средата беше истакната дека саудиските судови веќе донеле пресудит за сите за коишто е докажано дека учествувале во убиството на Кашоги.

Влијателниот новинар и дисидент Џамал Кашоги, познат по критичните написи за актиелните власти во Ријад, во 2017 година беше принуден да замине во егзил во САД каде беше колумнист на весникот The Washington Post.

Новинарот исчезна откако на 2-ри октомври 2018 година по влегувањето во саудискиот Генерален конзулат во Истанбул, за да подигне документи за вевчавката со турската државјанка Хатиџе Ченгиз, по што воопшто не излегол. По жестоката реакција на Турција чија истрага покажала дека Кашоги бил масакриран во дипломатската мисија на 20-ти октомври Ријад потврди дека бил убиен но во наводно во несреќен случај во конфликт со обезбедувањето. Меѓународната заедница ја осуди бруталната егзекуција, повикувајќи ги саудиските власти да спроведат транспарентна истрага.

Конечните пресуди за убиството на Кашоги беа објавени на 7-ми септември 2020 година. Петмија беа осудени на 20 години затвор, еден на 10 години, а две лица лица на седум години затвор. Случајот беше прогласен за „приватен и затворен за јавноста“, а имињата на осудените не се соопштени.

Во прв ред американското и турското разузнавање врз основа на некои снимки оценија дека во ликвидацијата на Кашоги учестувале шефовите на саудиските тајни служби и вината ја насочуваат кон престолонаследниот принц Мохамед бин Салман ал-Сауд

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.