Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанe изјави дека разузнавачката служба уапсила човек кој планирал напади инспириран од нападите врз Светскиот трговски центар во Њујорк на 11 септември 2001 година

Нашите разузнавачки служби уапсија лице инспирирано од настаните на 11 септември“, изјави синоќа Кастанe за ТВ Франс 2, пренесува „Ројтерс“.

Во Франција повеќе од 230 луѓе загинаа во напади на исламски милитанти во последните четири години, особено во синхронизираните напади во ноември 2015 година во Париз.

Француските власти стравуваат уште од почетокот на турската офанзива во Сирија дека нивните државјани би можеле да избегаат од камповите и затворите што ги контролираат тамошните Курди и да се вратат во земјата.

Тие забележуваат дека ризикот од терористички напади е сè уште голем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.