Франција го извести НАТО дека го прекинува своето учество во операциите во Средоземното море откако ги доби резултатите од истрагата за инцидентот помеѓу турските и француските воени бродови, објавија од француското министерство на воените сили.

Турскиот амбасадор во Франција, Исмаил Хаки Муса претходно на француските службеници им соопштил дека Париз се повлекува откако истрагата од инцидентот не вродила со заклучоци ниту ги потврдила француските тврдења.

Односите помеѓу НАТО сојузниците Франција и Турција се заострија изминатите седмици заради Либија, северот на Сирија и дупчењето во Источниот Медитеран.

Франција е посебно лута откако обвини турски воени бродови за агресивно однесување кон нејзиниот брод „Курбет“, откако во јуни се обиде да претресе брод за кој се верувало дека го крши ембаргото на ОН над Либија.

„Куберт“ делувал во НАТО мисијата „Чувар на морето“.

Северноатлантскиот сојуз започна истрага по протестот на Французите на состанокот на министрите за одбрана во јуни.

Службеник од француското министерство изјави дека во писмо испратено во вторникот до НАТО наведени се четери барања: потврда на членките на Сојузот дека го почитуваат ембаргото, потврда дека НАТО сигнали не се користени за време на националните мисии, подобра координација помеѓу НАТО и мисијата на ЕУ во зајакнување на ембаргото и воспоставување механизми за избегнување на слични инциденти во иднина.

Додека чекаме исполнување на овие барања одлучивме привремено да се повлечеме од операцијата „Чувар на морето“, порача слубеникот.

Франција тврди дека на 10 јуни турските воени бродови на три пати биле „уловени“ од радарот на бродот „Курбет“, и дека припадниците на Турската морнарица носеле заштитни панцири и оружје за време на инцидентот.

Муса ги отфрла француските тврдења и вели дека францускиот брод бил агресивен и дека бродот што сакале да го претресат, носел хуманитарна помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.