Франција објави невидени 13.215 нови потврдени случаи на Ковид-19 во последните 24 часа.

Министерството за здравство исто така соопшти дека вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 се зголемил за 154 на 31.249. Тоа е највисокиот број починати во еден ден во последните три месеци.

Бидејќи стапката на инфекција се зголемува секојдневно, најпогодените региони и градови во Франција ги заоструваат регулативите.

Градот Ница на француската ривиера ќе забрани собирање на повеќе од 10 лица на јавни простории и ќе ги принуди баровите да се затворат порано откако во понеделникот Марсеј и Бордо воведоа слични мерки.

Париз, каде што вирусот циркулираше побрзо отколку на други места, не забрани собири на повеќе од 10 лица, но полициската префектура во петокот соопшти дека силно советува да нема приватни собири на повеќе од 10 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.