Франција работи на тоа да и дозволи на Украина да извезува храна по копнен пат преку Полска и Романија, изјави денеска министерот за земјоделство Марк Фено, откако Русија се повлече од клучниот договор за извоз среде војната со Украина.

„Сакаме да видиме, ако не е можно да се премине Црното Море, дали тоа може да се направи по копнени патишта, особено низ Романија и Полска“, изјави министерот Фено за радиото РМЦ.

„Ќе продолжиме да работиме според систем во кој нема да зависиме од добрата волја, во овој случај лошата волја на Владимир Путин“, рече Фесно.

Русија во саботата го суспендираше своето учество во договорот на ОН за жито „на неодредено време“ по, како што наведе, големиот напад од украински беспилотни летала врз нејзината црноморска флота на Крим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.