Француските здравствени власти предложија проширување на аплицирањето на засилувачката доза на анти-ковид вакцината на сите лица над 18-годишна возраст и тоа пет месеци по целосната вакцинација.

Француската влада пред само шест дена го прошири администрирањето на третата, „бустер“ доза за лица над 40 години, шест месеци по целосната вакцинација, а сега таа мерка дополнително е проширена за сите лица над 18 години.

Соопштението беше објавено непосредно пред најавеното обраќање на француската министерка за здравство, Оливија Веран, која ќе зборува за новите мерки на Владата во моментот кога земјата ја зафати петтиот бран на епидемијата, кој, како што изјави, се шири со „молскавична“ брзина.

Владата одлучи да го забрза давањето на „бустер“ доза поради повторното ширење на епидемијата „посилно од очекуваното“.

Владата во Париз верува дека „загрижувачкиот епидемиолошки контекст го оправдува забрзувањето на кампањата за вакцинација и скратувањето на периодот меѓу првата вакцинација и засилувачката доза“ – соопшти Високата здравствена администрација (ХАС).

Одлуката се заснова на проекциите на Институтот Пастер, кој смета дека притисокот врз болниците ќе се намали доколку се примени бустер доза за сите постари од 18 години, во пократок период после целосната вакцинација. Според здравствената управа, намалувањето на притисокот врз болниците е 39 отсто доколку бустер дозата се прими шест месеци по последната доза, а надминува 50 отсто доколку се прими по пет месеци.

Се наведува дека основаноста на оваа стратегија се гледа и во податоците од студиите во реалниот живот во Израел.

Исто така, се посочува дека од клучно значење е да се продолжи со вакцинирање на лицата кои сè уште не се вакцинирани, како и строго да се почитуваат другите мерки кои се воведени за борба против ширењето на заразата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.