Францускиот претседател Емануел Макрон сака пред Божиќ да објави изградба на шест нови нуклеарни реактори ЕПР на француско тло, објави весникот „Фигаро“.

Шест месеци пред претседателските избори во Франција, одлуката за изградба на шест нуклеарни реактори е забрзана со енергетската криза во Европа, како и зголемените цени на енергијата, кои се повеќе влијаат на животниот стандард на граѓаните, додава весникот.

Енергетската криза покажува дека имаме право да избереме нуклеарна енергија како дел од транзицијата кон зелена енергија – вели неименуван висок владин претставник за „Фигаро“.

Портпаролот на Кабинетот на францускиот претседател одбил да го коментира извештајот на весникот.

На почетокот на својот мандат, Макрон вети дека ќе го намали учеството на нуклеарната енергија од сегашните 75 на 50 проценти до 2035 година. Но, сегашната енергетска криза ги промени приоритетите на Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.