Враќањето на децата на француските џихадисти, затворени во Сирија, и што е побарано и преку судска постапка од некои роднини и адвокати, „за сега не се предвидува“, изјави државниот секретар за внатрешни прашања Лоран Нуњез, јави дописникот на МИА од Париз.

Сириските демократски сили (СДФ) одлучија децата да останат со нивните мајки, значи засега не е предвидено враќање. Децата во најголем број случаи се затворени заедно со нивните родители, барем со нивните мајки. Прашањето за враќање не се поставува во моментов, истакна Нуњез на сослушувањето пред Комисијата за европски прашања на Француското национално собрание.
Роднините на припадници на ИД неодамна ги интензивираа напорите за враќање на децата француските џихадисти во Франција, кои се во заробеништво на курдските борци во Сирија. Претходно оваа недела, двајца адвокати, Мари Досе и Анри Леклерк, иницираа петиција за враќање на тие деца.

Во петицијата се наведуба дека никој не избра да се роди во областа или да и се придружи на ИД. Сите тие деца на краток и среден рок се изложени на смртен ризик, изјави адвокатот Мартин Прадел.

Нуњез истакна дека најверојатно во последните недели одреден број деца во придружба на возрасни лица се вратиле во Франција од Сирија.

Тие се деца како и другите, но кои од нив претрпеле големи трауми, посочи Нуњез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.