Преговорите за постигнување договор меѓу ЕУ и Австралија најверојатно ќе бидат прекинати поради противењето на Франција на која Канбера и откажа договор за купување подморници вреден милијарди.

Како што пишува „Политико“, според изјави на француски претставници државата тешко дека ќе учествува во такви разговори.

Досега се одржани единаесет работни состаноци на кои се прават напори за постигнување  голем комерцијален договор.

Австралиската влада се обидува да обезбеди слободен пристап до европските земји за производите на своите фармери. Францускиот министер за европски прашања Клемент Бон, пак, нагласи дека за неговата земја ќе биде тешко да ја одобри таквата одлука.

Доколку Франција одбие да даде согласност ЕУ нема да може да гарантира единствено решение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.