Франција ќе застане крај Финска и Шведска во случај на агресија, соопшти Елисејската палата, откако овие две земји објавија дека сакаат да влезат во НАТО јави дописникот на МИА.

Секоја држава што ќе се обиде да ја тестира европската солидарност, преку закана или агресија врз нивниот суверенитет на кој било начин, мора да биде сигурна дека Франција ќе застане покрај Финска и Шведска, пишува француското претседателство во соопштението за печатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.