Француските власти денеска ги засилија безбедносните мерки околу верските објекти по нападите на две џамии на Нов Зеланд, во кои загинаа 49 лица, а ранети се 20 лица, изјави министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастанер.

Патролите ќе бидат околу верските објекти – напиша Кастанер на Твитер.

Во Франција живеат голем број муслимани и земјата беше цел на терористички напади на исламистичките екстремисти во 2015 и 2016 година.

По нападот на Нов Зеланд засилена е безбедноста и околу верските објекти во Велика Британија.

Командантот на британската антитерористичка единица Ник Басу изјави дека е зголемено присуството на патроли во близина на џамиите во Велика Британија и дека на сите верски заедници им се дадени препораки за тоа како да се заштитат себеси и нивните верски објекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.