Францускиот претседател, Емануел Макрон, одговарајќи на новинарско прашање за подморниците и француско-американските односи, најави дека амбасадорот на Франција во САД, утре ќе се врати во Вашингтон со јасен мандат за обнова на односите и градење нова врска.
Макрон додаде дека на средината на октомври повторно ќе разговара со својот американски колега, Џо Бајден за да ги појаснат нивните намери.
За телефонскиот разговор со претседателот на САД, Макрон изјави дека нема ништо ново во однос на тоа што веќе било соопштено и повтори дека го изразил неговиот став за договорот со Австралија.
Макрон истакна дека изборот што го направила Австралија, со сите последици што останува да се одредат во следните седмици, не менува ништо и не влијае врз стратегијата на Франција во индо-пацифичкиот регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.