Поради растот на бројот на новозаболени од коронавирус, Франција од денеска ги засилува мерките како за жителите, така и за туристите.

Во знаменитостите во Париз како Алфејовата куа, забавните паркови, концертните сали, музеите или кината влезот ќе биде само со таканаречен „здравствен пасош“.

Во тој документ се наоѓаат информации за вакцинација, прележана инфекција или негативен корона тест. За влез во дискотеките и на фестивалите оваа мерка е на сила од претходно.

Туристите за влез на овие места мора да докажат целосна имунизација со сертификат, а негативниот тест не смее да биде постар од 48 часа. Прекршувањето на овие мерки може да биде казнети со парична казна до 1.500 евра.

На македонските државјани им е дозволен влез, но должни се да имаат поплнет образец.

Лицата кои се вакцинирани со „Фајзер“, „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“ мора да приложат доказ за извршена вакцината под услов да се поминати две недели од ревакцината со „Фајзер“, „Модерна“, „АстраЗенека“, односно четири недели од една доза од вакцината „Џонсон и Џонсон“.

Лицата кои не се вакцинирани или се имунизирани со Синофарм или Спутник мораат да приложат негативен ПЦР тест или антигенски тест не постар од 72 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.