Франција ги замрзна цените на гасот за домаќинства до крајот на следната година, изјави премиерот Жан Катекс, појаснувајќи дека одлуката е донесена по наглото зголемување на цените на енергенсите.

Претходно, француската влада планираше мораториумот да трае до април.

Дополнително, домаќинствата со ниски примања во Франција ќе добијат „премија за инфлација“ од 100 евра. „Веруваме дека ова зголемување на цената ќе биде привремено, но не можеме да дозволиме да го попречи (економското) закрепнување“ по пандемијата на коронавирусот, резимира Катекс во интервју за ТВ ЕФ 1. Тој истакна дека експертите ја предупредиле француската влада дека „цените ќе се намалат побавно отколку што се очекуваше“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.