Идната претседателка на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен им порача на Македонија и Албанија дека стои зад нив.

Ние го делиме истиот континент, историја, култура и сме во исто политичко семејство. Ве уверувам дека стоиме покрај вас, без оглед на сите процеси. Ние стоиме покрај вас и сакаме да бидете што е можно поблиски до нас, нагласи таа на Конгрес на ЕПП во Загреб.

Таа додаде дека националистите и популистите нема да го уништат европскиот начин на живот, како што се нарекува и еден од ресорите во нејзината нова комисија.

Нема сомнение каков е европскиот начин на живот. Никогаш нема да дозволиме националистите и популистите, кои сакаат да предизвикаат поделба и да ја уништат ЕУ, да ни го земат нашиот европски начин на живот, рече Фон дер Лајен на конгресот на Европската народна партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.