Претседателката на идната Европска комисија, Урсула фон дер Лaјeн, го доби писмото од Европскиот парламент во кое се отфрлаат кандидатите за комесари од Унгарија и Романија, и очекува нови имиња.

Информацијата дека писмото од Европскиот парламент стигнало до Фон дер Лaјeн го потврдија портпаролските служби на Европската Комисија.

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, ја информирал претседателката на Европската комисија дека Унгарецот Ласло Трочањи и Романката Рована Плумб се неприфатливи предлози за европратениците поради утврден конфликт на интереси од страна на комисијата за правни прашања на ЕП.

Фон дер Лајен побарала денеска од владите во Будимпешта и Букурешт да и предложат нови кандидати.

Според непотврдени информации во Брисел, Унгарија се подготвува да го предложи сегашниот унгарски амбасадор при ЕУ, Оливер Вархелји.

Сослушувањето на унгарскиот кандидат е предвидено утре, за сега нема потврда дали Вархелји ќе седне на столчето во комисијата за надворешни работи на ЕП или дали ќе има промени во агендата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.