Властите во Фиренца одлучија да се забрани одење во популарните делови на градот од 21 до 6 часот наутро, со цел да се спречи пренатрупаноста за време на пандемијата.

Ова правило нема да важи за посетителите и граѓаните кои ќе консумираат храна и пијалаци во некои од баровите и рестораните во овие делови на градот.

Градоначалникот на Фиренца, Дарио Нардела донесе одлука прошетката до популарните места да биде забранета во четврток, петок и сабота навечер, кога нема да биде дозволен пристап до одредени области во центарот на градот. Избраните области што се предмет на забраната, се познати по тоа што, на пример луѓето сакаат да седат на скалите пред познатите цркви и палати.

Забрането е и консумирање пијалаци и храна на скалите на базиликата „Санто Спирито“ и тоа – 24 часа на ден. Секој што ќе ги прекрши овие нови правила, ќе плати казна од 400 до 1.000 евра. Забраната ќе важи до крајот на пандемијата.

Околните жители се прилично лути на ваквата одлука, бидејќи плоштадите се јавни места и на овој начин се испраќа порака дека „можете да влезете во одредени делови од градот само доколку имате резервација во ресторан“.

Сепак, скоро сите се согласуваат за една работа – некултурните туристи треба да бидат казнети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.