ЕУ на своите членки им достави доволно дози на вакцини против Ковид-19 во насока на постигнување на целта за целосно вакцинирање на најмалку 70 проценти од возрасната популација, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Таа побара од членките на ЕУ да го зголемат обемот на вакцинација и најави дека до 11 јули низ Унијата ќе бидат распределени околу 500 милиони дози.

-ЕУ го исполни ветувањето. Викендов доставивме доволно дози за членките да можат да вакцинираат најмалку 70 отсто од возрасните”, рече Фон дер Лајен.

Таа истакна дека Ковид-19 сè уште не е поразен и изрази подготвеност да достави дополнителни количини вакцини.

Европската комисија претходно предупреди дека многу заразниот делта вид на коронавирусот се очекува во текот на летото да стане доминантен во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.