Едно семејство останало заробено во својот дом, оштетени се голем број куќи, ниски згради и пристаниште, а дел од патиштата и мостовите во филипинското место Катаинган се напукнати по силниот земјотрес од 6,6 степени, што ја погоди оваа островска земја.

Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека земјотресот е регистриран на околу пет километри од Катаинган, на длабочина од околу 21 километар. Нема закана од цунами.

Потресот бил почуствуван во неколку провинции во централниот регион Висајас.

Властите информираа дека трокатна зграда се урнала во Катаинган, при што останале заробени пензиниран полицаец и неговото семејство. Спасувачките служби работат на извлекување на заробените лица под урнатините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.