На Фиџи по една година е регистриран случај на Ковид-19 поради што на граѓаните им е наредено да останат дома, ништо нема да работи, а достапни ќе бидат само здравствените услуги.

Вирусот е откриен јај 53-годишна жена. Таа е прва заболена од април минатата година.

Од почетокот на памдемијата на Фиџи имаше сто заразени лица, а двајца починале од последици на Ковид-19.

Со цел да спречиме понатамошно заразување и да ги следиме контактите на заразеното лице, од денеска прогласуваме карантин во областите Нада и Лаутока, се наведува во соопштението на Министерство за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.