Унгарската конзервативна партија Фидес победи на локалните избори, освојувајќи 19 општински совети низ земјата и во половина од 20-ината најголеми градови.

Фидес останува најголемата политичка сила во земјата. Имавме отворена и конкурентна кампања, каква што се води во демократски држави засновани врз политички натпревар, изјави премиерот Виктор Орбан по прогласувањето на резултатите.

За опозицијата, најдобриот резултат дојде во главниот град Будимпешта, каде нивниот кандидат Гергели Карачсоњи го освои градоначалничкото место со 50 проценти од гласовите, наспроти 44 проценти за неговиот противкандидат, актуелниот градоначалник Иштван Тарлош.

Освен во поголемите места, Фидес победи и во околу 150 средно големи градови, покажувајќи дека останува неприкосновена во внатрешноста на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.