Фејсбук почнува со нова услуга –  „Продавници“ (Shops) – што ќе им овозможува на бизнисите да изложат и продаваат производи на платформите на најголемата социјална мрежа во светот. Тоа го најави извршниот директор Марк Цукерберг.

„Мислам дека ова е особено важно сега затоа што многу мали бизниси се преместуваат на интернет за справување со економските последици од Ковид-19“, напиша Цукерберг на личниот профил на Фејсбук. Според него мрежата ќе работи во соработка   со Шопифај (Shopify) и седум други платформи за онлајн трговија.

Интернет-продавниците ќе бидат достапни преку Фејсбук и Инстаграм, ќе има и опција за плаќање преку платформите, а клиентите ќе можат да комуницираат со трговците преку WhatsApp и Messenger. Услугата „Продавници“ ќе биде бесплатна за бизнисите и се очекува да го зголеми интересот на потрошувачите и тоа ќе доведе до зголемување на платено рекламирање

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.