„Фејсбук“ не е компанија која некој би ја поврзал со развој на роботиката, но токму тоа е еден од клучните сектори – проектни експерименти со роботи и вештачка интелигенција.

Тоа не е новитет за технолошките гиганти како „Гугл“, „Ен-видија“ или „Амазон“, кои, исто така, имаат такви проекти, но со создавањето на совршена вештачка интелигенција, „Фејсбук“ има за цел со своите роботи да ги почувствува потребите на корисниците.

Да контролираш и „обучуваш“ роботи е потешко отколку да натераш алгоритам да игра видео игри. Кај нив нема директен пат за внесување на информацијата. Убавото кај роботиката е тоа што се случува тука и сега – во реално време – изјави шефот на Одделот за вештачка интелигенција на „Фејсбук“, Ентони Бордерс за „Блумберг њуз“.

Машината со шест нозе, самата учи да минува и низ пробите и низ грешкте. Роботизираната рака ќе развие „љубопитство“ кај самиот робот, и слично како и човековата, преку допир ќе научи да извршува прости задачи.

Но, „Фејсбук“ нема да ги пушти тие роботи во продажба. Единствената нивна намена е усовршување на сопствената вештачка интелигенција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.