Компа ијата Фејсбук објави дека во вториот квартал од 2020 година отстранила седум милиони објави поради споделување лажни информации за корона вирусот, вклучително и промовирани лажни превентивни мерки и лекови.

Податоците се објавени во склоп на шестиот извештај за почитување на стандардите за однесување на социјалната мреж. Објавувањето на ваквите извештаи беше воведено во 2018 година по критиките дека компанијата е блага во контролирањето содржини.

Фејсбук истакнува дека ќе повика независни експерти за проверка на извештаите, почнувајќи од 2021 година.

Во новиот извештај стои дека компанијата отстранила околу 22,5 милиони постови со говор за омраза во вториот квартал од годината. Во првиот квартал имало 9,6 милиони такви објави.

Избришани се и 8,7 милиони постови поврзани со екстремистички организации, во однос на 6,3 милиони претходно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.