„Фејсбук“ и „Јутјуб“ го отстранија од своите платформи видеото на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, во кое тој тврди дека вакцините против Ковид-19 се поврзани со развојот на сидата.

И двете компании соопштија дека видеото кое е снимено во четвртокот ја прекршило нивната политика.

Го отстранивме видеото од каналот на Жаир Болсонаро поради кршење на нашата политика за медицински дезинформации во врска со Ковид-19, бидејќи наведува дека вакцините не го намалуваат ризикот од заразување со болеста и предизвикуваат други заразни болести – се вели во соопштението на „Јутјуб“.

Иако минатиот јануари изјави дека нема да прими ниту една вакцина против Ковид-19, Болсонаро вети дека брзо ќе ги вакцинира сите Бразилци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.