Федералното биро за истраги на Соединетите држави (ФБИ) ќе учествува во истрагата за експлозија на пристаништето во Бејрут заедно со либанските власти, изјави во четвртокот американскиот државен секретар за политички прашања, Дејвид Хејл.

Говорејќи за време на посетата на Бејрут, поранешниот американски амбасадор во Либан додаде дека во истрагата ќе учествуваат и други меѓународни истражители. Хејл исто така изјави дека ќе се состане со либанските власти за да ги замоли да ги спроведат реформите во земјата.

Претходно, либанската влада поднесе оставка поради експлозијата што го уништи главниот град на земјата, откако експлодираа околу 2.500 тони необезбеден складиран амониум-нитрат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.