Американското Федерално истражно биро (ФБИ) отворило 160 истраги за минатонеделниот упад во американскиот Конгрес во Вашингтон од приврзаниците на претседателот Доналд Трамп.

Помошник директорот на ФБИ, Стивен Д’Антуоно, на брифинг со новинарите изјави дека тие досега обезбедиле 100.000 видеа и слики како докази во постапките.

Обвинителот на градот Вашингтон, Мајкл Сервин, изјави дека 70 обвиненија се веќе поднесени, а очекува дека на крајот ќе има повеќе стотици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.