Американски инфектолог Ентони Фаучи, директор на Американскиот национален институт за алергии и болести (НИАИД), оцени дека Италија „мора да биде крајно внимателна во оваа фаза, имајќи предвид дека инфекцијата со корона вирус се шири во соседните земји и дека ова е време на голем предизвик“, бидејќи треба да се обнови економијата.

Д-р Фаучи учествуваше на интернет-конференцијата „Граници, фестивал на здравјето“ (Frontiere-Festival di Salute) организирана во Рим и по тој повод рече дека враќањето во нормален живот може да се очекува на крајот на следната година.

До тогаш, Фаучи препорачува строго почитување на пропишаните мерки: заштитни маски, физичко растојание, избегнување групни собири и останување надвор.

Според него, до крајот на оваа година е можно да се очекува ефикасна вакцина, мнозинството од светската популација може да се вакцинира во текот на следната година, но не и целата популација, како што е случајот со вакцината за сипаници.

Доволно е да се вакцинираат 75% од светската популација за да се запре ширењето на инфекцијата – смета Фаучи.

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа се регистрирани 1.670 нови случаи на заразени, 250 повеќе од претходниот ден. Како последица на вирусот починаа 20 лица.

Во последните 24 часа се тестирани и рекорден број за за Ковид-19, повеќе од стотина илјади.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.