Се движиме во погрешна насока, изјави водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи и изрази загриженост бидејќи САД непотребно се најдоа во ситуација кога бројот на нови случаи на заразени со Ковид-19 се зголемува поради невакцинираните Американци и ширење на многу заразниот Делта сој.

Фаучи потврди дека владините службеници „активно ја разгледуваат“ препораката вакцинираните лица да носат заштитни маски и лицата со намален имунитет да бидат повторно вакцинирани.

Главниот медицински советник на претседателот Џо Бајден потврди за Си-Ен-Ен дека учествувал во разговори за промена на упатствата за заштитни маски и нагласи дека некои локални самоуправи во кои се зголемува стапката на инфекција, како што е Лос Анџелес, веќе апелираат до граѓаните да носат маски во затворени јавни простори, без оглед дали се вакцинирани.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, повеќе од 163 милиони Американци, или 49 проценти од вкупната популација на САД, се целосно вакцинирани.

Оваа ситуација (со зголемување на бројот на новозаразени) главно се одразува на невакцинираните, па затоа бараме тие да дојдат и да се вакцинираат, рече Фаучи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.