Фаучи предупредува дека отворањето на училиштата во САД може да донесе катастрофални последици

Свет 15.08.2020 / 14:35

Повеќе од 1.000 Американци ги губат животите од Ковид-19 секој ден во изминатите две недели, а Центрите за контрола на болести предвидуваат дека бројот на смртни случаи би можел да достигне 200.000 до почетокот на септември.

Ваквите бројки се причина за водечкиот американски епидемиолог, Д-р Ентони Фаучи, да предупреди дека отворањето на училиштата може да има катастрофални последици.

Фаучи смета дека за да се отворат училиштата, заедниците треба да ја задржат стапката на инфекција под 10 проценти и дека мерењето на температурата не е сигурен начин за преглед.

Во разговор во живо на Фејсбук со гувернерот на Род Ајленд, Џина Рајмонд, Фаучи изјави дека часовите треба да бидат на отворено колку што е можно повеќе, прозорците треба да бидат отворени во училишните автобуси и учениците треба да носат маски колку што можат повеќе.

Излегувајте надвор колку што можете повеќе. Ако ги погледнеме собирите каде што вирусот се шири масовно, тие беа скоро секогаш во затворен простор – изјави Фаучи, потсетувајќи на жариштата на инфекцијата во домови за стари лица, магацините, затворите, како и свадби и другите социјални настани.

Фаучи вели дека Американците треба да избираат меѓу забавите ова лето и учебната година. „Дали сакате да ги отворите баровите или училиштата?“

Во училиштата што веќе се отворени брзо се појавија проблеми. Најмалку 2.400 ученици и наставници се ставени во карантин во шест сојузни држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.