Главниот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, изјави денеска дека е можно да се замисли дека ширењето на Ковид-19 би можело да опадне до тој степен што САД следната година ќе го доживуваат како ендемска болест, а не како пандемија.

Според мое мислење, ако сакате болеста да стане ендемска, треба да го намалите нивото на инфекција толку ниско што нема да има влијание врз општеството, врз вашиот живот, врз вашата економија, рече Фаучи во интервју за Ројтерс.

Првичните предвидувања покажуваат дека тоа би можело да се случи во 2022 година, е заклучокот од разговорите со десетици признати експерти кои ги спроведе Ројтерс.

Според нивните очекувања, првите земји кои успешно ќе ја преживеат пандемијата ќе бидат оние кои спровеле комбинација на високи стапки на вакцинација и развој на природен имунитет кај населението заразено со коронавирусот, како што се САД, Велика Британија, Португалија и Индија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.