Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, изјави дека во САД,  „во релативно брз период“, односно веќе на почетокот од следната година, може да се постигне имунитет на стадо доколку доволен број Американци се вакцинираат против корона вирусот.

Фаучи за телевизијата Си-Би-Ес изјави дека „помошта на патот“ е во форма на вакцина, но дека Американците треба да бидат внимателни затоа што се ближат празниците и треба да го спречат ширењето на вирусот во текот на зимата.

Тој додаде дека САД се во „многу, многу тешка ситуација“, бидејќи и натаму расте бројот на случаи.

Вакцините наскоро ќе бидат достапни, доколку Американците можат да издржат до тогаш – изјави Фаучи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.