Водечкиот американски имунолог, Ентони Фаучи, соопшти дека Белата куќа имала „сериозни разговори“ со Центарот за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) во врска со препораките кои предвидуваат луѓето што биле вакцинирани против Ковид-19 да може да поминуваат време заедно.

Едвај чекам да се одобри таа препорака, за да можам да ја гушнам ќерка ми после една година – изјави Фаучи за Си-Ен-Ен.

Фаучи, кој е научен советник на Бајден, проценува дека ризикот од Ковид-19 е драстично намален кај луѓето кои примиле две дози од вакцината. Тој, сепак, додава дека тој ризик не е целосно исчезнат.

Конечно ќе почнеме да слушаме луѓе кои велат: „Еј, се повеќе луѓе примија вакцина, сега можам да вечерам со поширокото семејство, луѓе можат да дојдат во мојот дом – додаде Фаучи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.