Водечкиот американски имунолог, Ентони Фауче, соопшт дека ако сè оди како што треба, првите дози на безбедна и ефикасна вакцина против Ковид-19 ќе бидат достапни за ризичните групи во САД кон крајот на декември или евентуално на почетокот на јануари.

Фаучи објасни дека проекциите на големите фармацевтски компании „Модерна“ и „Фајзер“, покажуваат дека Американците во одреден момент во декември ќе знаат дали има ефективна вакцина или не.

Првиот увид во вакцината треба, се надевам, да го имаме во следните неколку недели – изјави Фаучи.

„Модерна“ и „Фајзер“ во јули ја почнаа последната фаза на клиничкото тестирање и во неа учествуваат десетици илјади луѓе.

Претставници на „Модерна“ соопштија дека се на добар пат да дадат прелиминарни податоци за последната фаза на тестирање на вакцините веќе следниот месец.

„Фајзер“, пак, од каде требаше да ги објават прелиминарните податоци за тестирањата во октомври, нема да може да го направи тоа пред ноември, а тоа најверојатно ќе се случи кога ќе завршат претседателските избори на 3 ноември.

Податоците прво ќе бидат проверени од Агенцијата за храна и лекови, како и од Центарот за контрола и превенција на болести, од каде што ќе дадат препорака кој би можел да ја произведе првата доза на вакцини за поширока употреба

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.