Директорот на Националниот институт за алергии и заразни болести на Соединетите држави, д-р Ентони Фаучи, во средата рече дека до крајот на годината ќе биде јасно дали некој од главните кандидати за вакцини против Ковид-19 ќе бидат безбедни и ефикасни.

Сведочејќи пред Конгресот, Фаучи изјави дека е „претпазлив оптимист“ дека ќе се најде вакцина, но предупреди дека „никогаш не постои гаранција за тоа“.

Тој истакна дека „може да потрае некое време“ за вакцината во САД да стане достапна за јавноста поради „потребното ригорозно клиничко тестирање“ за да се осигури дека е безбедна и ефикасна.

Епидемиологот додаде дека Модерна, Фајзер, АстраЗенека и Џонсон и Џонсон, најверојатно, ќе имаат одобрена вакцина, бидејќи нивните кандидати се веќе во доцна фаза на тестирање, но истакна дека Новавакс исто така се очекува да ги започне испитувањата во последната фаза во октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.