Британската „Партија за Брегзит“ го отфрли изборниот договор со владеачките конзервативци.

Тие изјавија дека на изборите следниот месец ќе имаат 300 кандидати за да го присилат премиерот Бориос Џонсон да го исполни ветувањето за чист „развод“ со Европската унија.

Денеска е последниот ден за пријавување кандидати за изборите што ќе се одржат на 12 декември, јавија британските медиуми.

Лидерот на британската „Партија за Брегзит“ Нејџел Фараж за Би-Би-Си изјави дека неговата партија го натерала Џонсон да „вети промена на правецот“.

Тоа што сега мораме да го направиме е да повикаме на одговорност за да бидеме сигурни дека ќе добиеме Брегзит што ќе ни одоговара, и тоа е мојата работа – рече Фараж.

„Дејли Телеграф“ објави дека Фараж ја одбил понудата на конзервативците да бидат само номинална опозиција со 40 пратенички места и неговата „Партија Брегзит“ да не претендира на останатите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.